Холандскиот голман, Едвин ван дер Сар денеска објави дека ќе се пензионира по завршувањето на оваа сезона.
Фергусон има само пофални зборови за голманот на Јунајтед, вели дека тој е пример кој секој млад голман треба да го следи.
"Тој е пример за секој кој сака да стане голман" - вели Сер Алекс Фергусон.
"Едвин низ животот плови без никакви промени, тој никогаш не се променил, има константна природа. Тој е спокоен".
"Смирен е, среќен е со она што го постигнал во животот, не бара нешто повеќе, тој е толку добар човек".
Фергусон веќе му понуди тренерска позиција на Ван дер Сар, но голманот најави дека во наредните две години сака комплетно да се одмори и да се посвети на семејството.
Сепак, Ферги смета дека кога и да се врати, Ван дер Сар ќе биде значаен човек во фудбалот.
"Тој ќе земе пауза и го разбирам тоа, но ќе биде значаен кога и да му се врати на фудбалот".