My Bloglist

сабота, 22 јануари 2011

Според Фердинанд на Јунајтед не му треба засилување

Рио Фердинанд смета дека Манчестер Јунајтед го има најсилниот состав во Премиер лигата и нема потреба од нови засилувања.

И покрај тоа што нивниот градски ривал постојано се засилува со скапи фудбалери, Рио Фердинанд смета дека Манчестер Јунајтед го има најсилниот состав во Премиер лигата.

"Кога ќе погледнам во соблакувалната, среќен сум со фудбалерите кои ги имам. Сигурен сум дека и менаџерот размислува така" - вели Рио Фердинанд.

"Доколку тој смета дека треба да се додаде нешто во составот, ќе застанам позади било која негова одлука. Но не гледам проблем во големината на составот. Доколку сите сме фит, го имаме најдобриот состав во лигата".

"Во средниот ред ги имаме Карик, Флечер, Сколс, Андерсон, Гигс, Парк, Нани, Валенсија, Харгривс. Тоа е изобилство од талент, а луѓето велат 'Немате доволно широк состав'. Но обидете се да одберете четворица од оваа листа, тешко е".