My Bloglist

вторник, 10 јануари 2012

Чикарито: Секоја сезона за мене ќе е потешка!

Хавиер Хернандез е решен да продолжи да се подобрува на Олд Трафорд и смета дека ќе треба да работи многу повеќе со цел да остане еден чекор пред конкуренцијата.
Чикарито имаше одлично деби за црвените во минатата сезона во која постигна 20 гола во 45 натпревари, по доаѓањето на Олд Трафорд од Чивас. Сепак повредите ја оцрнија неговата втора сезона во која до сега има постигнато шест гола.

„Иако оваа сезона имам повеќе повреди од минатата, сеуште уживам во неа и секако, учам и работам со цел да се подобрам од ден на ден“.

По неговата појава во Јунајтед се појавија гласини дека може да страда од „Синдромот на втората сезона“ кога одбранбените играчи веќе ќе го знаат неговиот стил на игра.
„Сметам дека секоја година ќе биде потешка и потешка, во првата сезона освен одбранбените играчи исто така не бев познат и за нивните менаџери, во третата, четвртата и сезоните што следат понатаму тие ќе ме знаат уште повеќе.“.

„Сепак добрите играчи како Руни, Ван Перси и Дрогба се тука повеќе од 6 години и пак играат на истото ниво како и порано, треба многу да работам за да го постигнам истото“

Црвените успеаја да се борат со отсуството на Хернандез поради големиот број на напаѓачи на кои Сер Алекс може да се потпре оваа сезона како Бербатов, Велбек, Македа и Диуф.

Хернандез не штеди пофални зборови за неговиот колега Димитар Бербатов кој како препороден постигна шест гола во неговите четири последователни натпревари, но исто така не штедеше зборови и за останатиот напаѓачки кадар.

„Сите знаат дека Бербатов е одличен играч, неговиот допир и техника се неверојатни. Тука е и Wazza ( Руни ) кој е играч од светска класа, па и Дени ( Велбек ) кој оваа сезона многу добро се покажа.“

„Кико ( Македа ) замина на позајмица, но сепак е добар напаѓач, исто како и Маме ( Диуф ). Имаме добри играчи кои играат на тие позиции, но не смееме да го занемариме фактот дека имаме добри играчи на секоја позиција“ изјави Чикарито за MUTV