
Па се појавија гласини кои велеа дека Јунајтед ке го продаде Руни но веднаш се појави демант и од Руни и од Ферги.
Руни повторно ја покажа својата верност и вели дека сака да игра под водство на Ферги до крајот на неговата кариера.
,,Се Алекс е најдобриот менаџер на сите времиња. Секако дека сакам и ке играм под негова палка до крајот на кариерата''- рече Руни.
,,Тој е одличен менаџер и најголемата причина за преселбата во Јунајтед беше тој.''
,,Во моите очи тој секогаш ке биде најдобриот. Неговиот успех и залагањата за тимот и трофеите говорат самите. Тој е неверојатен менаџер кој има сторено многу за клубот и за мојата игра.''
,,Тој секогаш доаѓа пред фудбалерите секое утро а си заминува последен. Неговата верност желба да се победи посветеноста е фантастична.''