My Bloglist

среда, 1 септември 2010 г.

Има ли надеж за Овен Харгривс?

Вчера доцна синоќа заврши преодниот рок за фудбалери во европските лиги. Имаше доста интересни трансфери во последен момент, како на пример преминот на Ван Дер Варт во Тотенхем, со што тимот од Вајт Харт Лејн станува уште посериозен ривал. Од друга страна пак, Манчестер Јунајтед остана со оние засилувања кои веќе се познати за оваа сезона, а тоа се Крис Смалинг, Хавиер Хернандез и Бебе. Во последен момент Том Клеверли е испратен на позајмица во Виган кој сезонава го чека тешка борба за опстанок во Премиер Лигата. Она што е друго поинтересно е дека до Ф.А. требаше да се поднесе и конечен список на 25 фудбалери за настап во првенството за оваа сезона. Меѓу 25-те фудбалери се најде и Овен Харгривс. Иако тој сеуште е на третман во САД и не се знае сигурно кога ќе се врати во Англија сепак Фергусон сеуште има надеж за ова момче и за секој случај го вклучи во тимот за оваа сезона. Вечерва за тимот на резервите против Олдам (победа 2-1) настапија и Фердинанд и Андерсон што кажува дека тие двајца полека се враќаат во колосек и за скоро време ќе бидат спремни за првиот тим.



Еве го списокот на играчи на кои Фергусон ќе смета оваа сезона:
Homegrown: Gibson, Giggs, Brown, Evans, Rio, Scholes, Neville, O'Shea, Carrick, Owen & Rooney.
Other: Amos, Fletcher, Kuszczak, Van der Sar, Hargreaves, Nani, Anderson, Park, Evra, Valencia, Berbatov, Hernandez & Vidic.
Plus under: 21s Fabio, Rafael, De Laet, Obertan, Bebe, Smalling & Macheda

вторник, 31 август 2010 г.

Едвин ван дер Сар не размислува за пензионирање

Голманот на Јунајтед Едвин Ван Дер Сар не размислува за пензионирање иако има 40 години тој се наоѓа во топ форма.

Секоја од изминатите сезони се шпекулираше дека ке се пензионира но тој е среќен што може да игра во топ форма.

Исто така тој верува дека додека ја има довербата на Фергусон нема да се пензионира.

Ван Дер Сар изјави дека според него нормална граница за пензионирање е 35 години но тогаш тој пристигна во Јунајтед а можеби и затоа ужива.

Во клубот треба да си среќен и мотивиран. Лани на подговотвките ги скрши двата прста а потоа го повреди и коленото но кога беше подговтвен доби шанса.

Тоа покажува дека Фергусон сеуште има доверба во него и според него тоа е најважното.

понеделник, 30 август 2010 г.

Јунајтед се интересира за Џек Родвел

Јунајтед се интересира за младиот играч на Евертон Џек Родвел.

Според San, Фергусон е подготвен да одвои 10 милиони фунти плус Мајкл Керик пред истекот на преродниот рок.

Евертон со сите сили се обидува да го задржи талентираниот Родвел но според весникот можен е договор во последен момент.

19 годишниот Родвел е играч од средината на теренот но може да игра и како централен дефанзивец па беше нарекуван и како малиот Рио Фердинанд.

недела, 29 август 2010 г.

Весли Снајдер: Мурињо ќе го наследи Фергусон во Јунајтед

Ѕвездата на Интер, Весли Снајдер даде свое видување околу тоа кој ќе го замени Сер Алек Фергусон откако шкотланѓанецот ќе се реши да се повлече од клупата на Манчестер Јунајтед.

- "Кога Фергусон ќе се реши да се пензионира, според мене, Мурињо ќе го наследи. Па така, од Јунајтед ќе замине еден одличен, светски признат менаџер, а на негово место ќе седне друг, исто така светски признат и одличен менаџер. Досега многу-пати сум имал долги и искрени разговори со Мурињо и би се обложил во тоа дека токму португалецот ќе биде наследникот на Фергусон."

- "Да бидам искрен, веројатно тој е едниствениот тренер во светот кој е способен да го замени Алекс Фергусон. Свесен сум дека и Ферги ќе има важна улога во одлуката за нов менаџер на Манчестер Јунајтед и иако двајцата имаа свои недоразбирања, сепак видлив е меѓусебниот респект кој што го имаат овие двајца."

- "Знам точно колку голема желба има Мурињо да се врати во Премиер лигата. Кога зборувавме околу таа можност тој тој изгледаше како мало дете. Беше многу возбуден." - изјави Снајдер кој под водство на Мурињо освои се што можеше да се освои минатата сезона со Интер.

Нани одлично одговори на критиките

Одличната игра крунисана сo гол и аистенција
- Сигурно дека Нани денеска е далеку посреќен отколку што беше пред недела дена кога беше прогласен за трагичар на натпреварот против Фулам кога промаши пенал.
- Вчера беше прогласен за играч на натпреварот меѓу Јунајтед и Вест Хем имајќи учинок од еден гол и една асистенција притоа играјќи со огромна самодоверба.Со тоа покажа дека промашениот пенал не остави некој лош ефект врз неговата игра.
- "Секогаш уживаме кога постигнуваме голови. Минатата недела одигравме нерешено па затоа бевме екста фокусирани да обезбедиме победа против Вест Хем. Оригравме одлично и победивме па затоа мораме да бидеме среќни. Можевме да постигнеме и повеќе голови но и вака сме задоволни од крајниот резултат. Бев пресреќен што успеав да постигнам гол бидејќи успеав да промашам неколку шанси предходно. Оваа сезона сакам да постигнам голем број на погодоци и на тој начин да му помогнам на тимот." - изјави Нани по натпреварот

Фергусон задоволен од перформансите на тимот против Вест Хем

Сер Алекс Фергусон вели дека Јунајтед сосема заслужено победи против Вест Хем. Фергусон е задоволен од играта на неговите фудбалери.

Фергусон изјави дека Јунајтед имаше шанси за повисока победа имаше контрола на целиот меч и на поседот на топката.

Исто така ги пофали и стрелците. Руни немаше постигнато гол од март но соноќа без проблем од пенал ја смести топката во мрежата и станува се подобар и подобар.

Исто така ги пофали и Нани и Бербатов.

Тоа беше фантастичен гол на Нани и мајсторија од Бебратов.

сабота, 28 август 2010 г.

Јунајтед лесно до победата против Вест Хем.

Во последниот денешен натревар од премиер лигата Манчестер Јунајтед славеше над Вест Хем со 3-0.

Првиот гол за Јунајтед на натпреварот го постигна Вејн Руни од пенал.

Рајан Гигс беше соборен во шеснаесетникот на Вест Хем и судијата покажа на белата точка по што Руни го отвори резултатот.

По пет минути игра во второто полувреме Руни асистираше до Нани кој постигна одличен погодок за водство од 2-0.

Нани во 69та минута асистираше до Бербатов кој со прекрасен волеј го постави конечниот резултат 3-0.

На овој меч за Јунајтед настапија:

Van Der Sar
O'Shea, Vidic, Evans, Evra
Nani, Flecther, Scholes, Giggs
Rooney, Berbatov

Трите измени беа направени во исто време во 74та минута. Smalling влезе на местото од Evans, Carrick на местото од Scholes, а Owen влезе на местото од Berbatov.

Овој меч кој се играше на Old Trafford го следеа 75 016 гледачи.

Следниот меч на Јунајтед е на 11.9.2010 во 13:45 часот против Евертон на Goodison Park. Ке има пауза следниот викенд во Премиер Лигата поради квалицикациите за ЕП и пријателските натпревари на репрезентациите.